НУ Центар за култура “Григор Прличев” новата сезона на филмски проекции ја започнува со филмот “ПАРАДА” во режија Срѓан Драгоевиќ, кој учествуваше на годинешниот Берлински филмски фестивал.

Филмот Парада“ во кој Македонија се јавува како копродуцент, при досегашните проекции привлече големо внимание кај публиката.


Станува збор за копродукција меѓу сите поранешни југословенски републики, со исклучок на Босна и Херцеговина. Љубопитноста на филмот е голема и поради самата тема која ги следи случувањата околу геј-парадата во Србија, но и поради познатиот режисер Срѓан Драгоевиќ, зад кој стојат популарните филмови „Ние не сме ангели“, „Убавите села, убаво горат“ и „Рани“. Во филмот играат Никола Којо, Горан Навоец од Хрватска, Дејан Ачимовиќ од Босна и Херцеговина, Бранимир Поповиќ од Црна Гора, нашиот актер Тони Михајловски, но и легендите Мира Ступица и Марко Николиќ.


Филмот претставува мрачна комедија во кој се говори за група на геј активисти кои се трудат да организираат Парада на гордоста во Белград. Кога полицијата на тој повик одбива да го обезбедуваат настанот, тогаш тие се обраќаат на група криминалци од поранешна Југославија меѓу кои е и Лимун (Никола Којо), сопственик на агенција за обезбедување и воен ветеран

Проекциите на филмот во Центарот за култура ќе може да се проследат од утре, 29- ти февруари до 2- ри март, со почеток од 20.00 часот. Цена на билетот 100 денари.

OhridNews