Филмот ,,Матасари’’ на Охридскиот режисер Илија Пиперкоски, вчера во Романија ја доби наградата за најдобар краток филм на годината.

-Оваа награда, покрај тоа што претставува признание за мојата работа во изминатиов период и уметноста која ја создавам, исто така ми претставува потик и мотивација за во иднина да продолжам посветено да работам како што и досега работев, па дури и кога е најтешко да не се откажувам затоа што само оние кои биле упорни и истрајни во нивната работа и се задржале до својата идеја и принципи, само тие успеале, вели Пиперкоски.


Сцени од филмот

Тој објаснува дека филмот ,,Матасари” се отвора нова страна од романската филмска историја и секако од македонската кинематографија.

-Многу жртви и компромиси, трнлив беше патот за да дојдам до денот на премиерата. Филмот беше одлично пречекан дури и ги надмина сите моите очекувања. Се надевам дека за брзо време ќе дојде денот и на македонската премиера со цела актерска екипа, вели Пиперкоски, кој  за во иднина најавува нови филмски проекти.

OhridNews