Центар за култура „Григор Прличев“

Од 09.03.2022 - 19:00 до 09.03.2022 - 21:00

Филмот „Надеж” во режија на Мариа Содал, со две кино проекции во Центарот за култура во Охрид. Kино проекции  се закажани за во среда (09.03.2022) и четврток (10.03.2022) со почеток во 19.00 часот, а цената на картата 100 денари.

Приказната во 130 минути раскажува за 43-годишната Ања и 59-годишниот Томас имаат големо семејство на биолошки деца и посинок. Веќе неколку години, тие се имаат отуѓено еден од друг, живеејќи и работејќи во паралелни светови. Кога Ања открива дека има терминална фаза на рак, нивниот модерен живот се распаѓа и ја разоткрива нивната нарушена врска. Сама со своите тага и стравови, Ања сфаќа дека ѝ е потребна целосна помош и поддршка од Томас. Тоа е нивната единствена шанса. Како инаку нивните деца ќе најдат сила откако таа ќе замине, ако нивните родители не можат заедно да ја преживеат бурата? Ања и Томас се приморани да најдат решение за меѓусебна доверба, и на крајот заедничка борба, да се справат со неочекуваната и прерана смрт. Со повторното запознавање еден со друг, тие несвесно стануваат главни ликови во љубовната приказна каде конечно учат вистински да се сакаат по долгиот заеднички живот.

Филмот кој спаѓа во жанрот драма, романса е наменет за публика постара од 12 години.

OhridNews