Центар за култура „Григор Прличев“

Од 07.10.2023 - 20:00 до 07.10.2023 - 22:00

На кино репертоарот во НУ Центар за култура „Григор Прличев”-Охрид ќе се прикажува филмот „Нешто слатко“ во сабота 07.10.2023 година, со почеток во 20.00 часот. Очекувајте „Нешто слатко“ со актерите Сашко Коцев и Јелена Јованова.

„Нешто слатко“ е полн со збунетост, забавни заплети и пресврти, каде кариерата на Каја – организаторка на маркетинг конференции виси на конец кога нејзиниот главен адут Аце Мајсторовски – маркетинг гуру од Македонија го пропушта својот лет. За да се избегне катастрофа таа му наоѓа замена – локален слаткар кој што личи сосема на него.

Цена на карта е 150 денари.

OhridNews