Центар за култура „Григор Прличев“

2019-04-30 19:00 - 2019-04-30 21:00

На 30 април во Центарот за култура „Григор Прличев“, со почеток во 19 часот, премиерно ќе биде прикажан филмот  „Ругање со Христос“ во режија на Јани Бојаџи.

Улогите во филмот ги толкуваат: Љупчо Тодоровски, Јоана Пилуху (Грција) Мето Јовановски, Јоана Поповска. Музиката е на Горан Трајкоски (Анастасија, Мизар).

На проекцијата ќе присуствува режисерот Јани Бојаџи како и дел од актерската екипа на филмот. После проекцијата, режисерот и актерите ќе одговараат на прашања на публиката.

OhridNews