После премиерата на фестивалот „Манаки“, краткиот игран филм „Само ѓаволот се плаши од вода“, во режија на Лидија Мојсо денес со почеток во 20 часот на кино репертоарот на НУ Центар за култура „Григор Прличев“ во Охрид.
Пријателството на Борис и Кира е ставено на тест, кога Борис, под сугестија на баба му, почнува да се сомнева дека другарка му е под влијание на ѓаволот. Ова води кон недоверливост кон нејзината добрина, се до моментот кога Кира ќе му ја открие вистината за нејзиниот живот, информираат од Центарот за култура.
Во филмот играат Ангел Ристоски и Анастасија Јованоска, а сценариото е на Лидија Мојсо и Јаков Поповски.
Влезот за проекцијата на филмот е слободен за сите посетители.
OhridNews












