Од утре до сабота, 26- ти март, на кино репертоарот во НУ Центар за култура “Григор Прличев” ќе се прикажува филмот “Сестринска насмевка”, француско – белгиска копродукција, биографски филм за белгиската калуѓерка Џастин Декерс која станува популарна пејачка во шеесетите години од минатиот век.


Почетокот на проекциите е во 20 часот. Цена на билетот е 50 денари.

OhridNews