Филмот кој предизвика огромен интерес кај македонската и светската јавност „Трето полувреме“, на 4- ти октомври, премиерно ќе имаат можност да го видат и охриѓани.

До 7- ми октомври предвидени се две проекции во текот на денот и тоа во 19 и 21.30 часот, а од 8- ми до 14- ти октомври „Трето полувреме“ ќе биде на редовниот репертоар, а почеток на проекцијата ќе биде во 21 часот.

Цена на билетот е 100 денари.

За премиерата на филмот„Трето полувреме“ најавено е и присуство на дел од актерската екипа.

OhridNews