Во рамки на официјалната програма на 9-от Францускиот филмски фестивал, вечерва во Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид биде прикажан филмот „Три срца“.

Режисер на филмот е Беноа Жако, а улогите ги толкуваат, Беноа Пелворд, Шарлот Генсбур, Кјара Мастројани.

Во филмот се раскажува за Марк кој една ноќ го пропушта возот и не се враќа за Париз, но ја среќава Силви. Тие шетаат низ улиците до утрото и зборуваат за се’ освен за себеси. Марк се качува на првиот воз и и’ закажува средба на Силви во Париз неколку дена подоцна, иако не знаат ништо еден за друг. Силви оди на средбата, но Марк не се појавува… Тој ќе ја бара Силви, но во потрагата ќе наиде на друга девојка, Софи, без да знае дека таа е сестрата на Силви…

Фимот започува во 20:30 часот и влезот е бесплатен.

Во сабота на 18- ти јуни, во рамки на фестивалот во Охрид ќе има специјална вечер, кога ќе се прикажува филмот  „Судија“, во режија на Кристијан Венсан. Фестивалот ќе биде затворен со доделување на наградата Цезар 2016 за најдобра актерка во споредна улога која ќе и се додели на Сидс Бабет Книдсен. Почесен гостин ќе биде режисерот Кристијан Венсан.

OhridNews