
-Филмовите направени на мобилни телефони, стануваат се попопуларни благодарејќи на голем број фестивали низ светот кои ја популаризираат оригиналноста и естетиката на “мобилниот филм”. На два милиони жители, Македонија има околу 2 милиони и седумстотини илјади мобилни телефони и исто толку потенцијални “филмаџии”, велат од организацијата на овој фестивал.
Овогодинешниот ,,Мобил фестивал’’ стартуваше од Охрид на 17 декември. Вчера филмовите од овој фестивал беа прикажани Битола, а денес ќе бидат прикажани во Прилеп.
Овoј фестивал е во организација на КТ Филм и Медиа продукција од Скопје и со поддршка од Филмски Фонд на Македонија. Генерални партнери на фестивалот се T-Mobile и T-Home.
OhridNews











