Албанската полиција соопшти дека убила маж, кога група неидентификувани лица извеле грабеж на меѓународниот аеродром во Тирана, но не соопшти за која сума се работи и кој бил ограбен.

Полицијата само наведе дека се работи за група вооружени и маскирани мажи, како и дека грабежот се случил на аеродромот „Мајка Тереза Ринаси“. Сторителите размениле оган со полицајците во текот на потерата на еден од споредните патишта и дека при тоа е убиен еден од крадците.

Медиумите на самото место јавуваат дека кај убиениот напаѓач е пронајдено автоматско оружје, бомба и шаржери со куршуми. На елитните единции на полицијата во потерата им помогнал и хеликоптер.

Најмалку тројца сторители се во бегство.

Дел од албанските медиуми информираат дека станува збор за украдени 10 милиони евра.

.