По професија електро инженер, но интересите кон филмот, музиката, сликартството, фотографијата, уште од најрана возраст, подоцна си го пронашле своето место во кариерата на Ѓоко Симјаноски.
Овие начела станале главна преокупација во неговиот живот од едноставна причина што кариерата во таа област ја започнал како надворешен соработник во радио охрид цели 32 години, каде се докажал како водител, уредник итн.

Ѓоко симјаноски направил и неколку документарни филмови со тематика за филмот во охрид: „Охридско кино парадизо“; „Песната како повод за разговор“ 1 и 2 ; „Охридските брилијанти“ ; „Живот како виножито“.
Исто така 40 години се дружи со сликарството и 10 години веќе е активен член на Фото Клубот „Охрид“.

Филмското око на охриѓанецот Ѓоко Симјаноски
OhridNews











