Светската пливачка федерација (ФИНА) го потврди 24 август како датум кога ќе се одржи 27-то издание на охридскиот пливачки маратон.


Вкупниот број на учесници и приходот на наградите дополнително ќе биде објавен, а патеката “Климе Савин“ ќе добие нов владетел откако од пливањето се повлече рекордерот по победи во Охрид, Бугаринот Петар Стојчев.


Охридскиот пливачки маратон ќе биде претпоследен во серијата, а последниот ќе се одржи на патеката Капри во Наполи.

Мх.П.