Со музика во живо, ладно пиво, street food и празнична атмосфера покрај езерото, денеска завршува четиридневното издание на „Lychnidia Beer Fest 2026“ во Охрид.

Последниот фестивалски ден, кој се совпаѓа со празникот 8 Септември – Денот на независноста, започнува во 14 часот со настапот на Acoustic Duo Nika.

Од 17 часот музичката програма продолжува со група Фросина, која ќе ја заокружи концертната програма на годинашниот пиво-фест. За дополнителна атмосфера ќе се погрижи и resident DJ Dani.

Изминатите фестивалски денови во Lychnidia Food Zone настапија LUGER, The Backdoor Band, Перчо и Фолк Мерак, Владо Броз и Марама, Bad Contract и Overtone со специјалниот гостин Александар Јосифовски.

И денеска влезот е слободен, а резервации не се потребни – само добро расположение, добра енергија и љубов кон пивото.

OhridNews