Jazz Inn

Од 13.08.2023 - 20:00 до 13.08.2023 - 21:30

Вечерва финале на Летниот маратон на стендап и комедија. Се највува микс од најдоброто од стендап комичарите.

Во ова специјално издание ќе имате можност да видите микс на најдоброто од стендап зачинето со неколку секс приказни. За ваше трајно задоволство ќе се погрижат Стрезо Стаматовски, Никола Тодороски, Никола Братучед Сиљаноски, Јован Цветкоски, Илија Богданоски, Зоран Донев, информираат организаторите.

Шоуто почнува во 20 часот, а локацијата е добро познатиот клуб Џез Ин. Сите информации и резервации може да се добијат на телефонскиот број 075/283-066 или онлајн на www.hahaha.mk.

Петтиот „Summer Comedy Marathon“ почна на 22 јули, а на програмата годинава беа 21 шоу од кои дел веќе познати на публиката, стандардни, но во обновена форма. Публиката имаше можност да ужива во квалитетна понуда со домашни локални изведувачи, но и со гости од надвор.

OhridNews