Со почеток во 17 часот на стадионот „Атина Бојаџи“ во финалето од Општинската фудбалска лига ќе се сретнат Дебрца и Сатеска.


Победникот од овој дуел ќе биде шампион во Општинската лига и следната сезона ќе се натпреварува во Третата лига.

Дебрца за пласман во финалето го елиминираше тимот на Лакочереј во 1/2 финалето совладувајќи го со 4-2 додека Сатеска со 1-0 ја победи Воска.

Мх.П.