Големите ракометни ривали во Македонија, Металург и Вардар ќе се сретнат во 1/2 финалето од Купот на Македонија. Втората полуфинална двојка ја сочинуваат Металург Јуниор – Зомимак.

Организатор на завршницата од купот е екипата на Вардар ПРО и натпреварите ќе се играат во “Кале“. Победникот од дуелот Металург и Вардар ќе биде голем фаворит во финалето против победникот од Металург Јуниор – Зомимак.

Покрај дуелот во Купот, Металург и Вардар ќе решаваат за титулата во македонскиот ракометен шампионат.

Мх.П.