Вечерва (21ч), во полскиот град Гдањск, англискиот премиерлигаш Манчестер Јунајтед и шпанскиот клуб Виљареал ќе ги одмерат силите во финалето од најмасовното клупско натпреварување во Европа.
„Црвените ѓаволи“ во пресрет на финалниот натпревар се благи фаворити, но „жолтата подморница“ предводена од специјалистот за Лига на Европа, Унаи Емери не смеат да се отпишат пред време.
Виљареал ќе проба да ја разбие англиската доминација, бидејќи за три дена, во финалето од Лигата на Шампиони ќе се судрат англиските премиерлигаши Манчестер Сити – Челси.
Манчестер Јунајтед на располагање ќе го нема капитенот Хари Мегваер, Ентони Марсијал и Фил Џонс. Виљареал не може да смета на Ибора.
Главен судија на вечерашниот натпревар ќе биде Французинот Клемен Турпан.
OhridNews