Екипите на Кадмо и Инсомнија вечерва со почеток во 22 часот ќе играат во финалето на 38 издание на турнирот во мал фудбал “Петровден 2012“.

Увертира на финалниот натпревар со почеток на 21 часот е малото финале помеѓу Спортлајф – Бекче.

За победникот на турнирот “Петровден 2012“ паричната награда изнесува 50 000 денари, второпласираниот тим ќе заработи 25 000 денари, бронзената екипа 12 000 денари додека за поразениот во малото финале наградата е 3 000 денари.

Мх.П.