Португалецот, Педро Проенса, ќе биде главен судија на финалниот
натпревар на Европското првенство, во кој за титулата ќе се борат
Италија и Шпанија.

Проенса оваа година беше главен судија и на финалниот натпревар во
Лигата на шампиони, во кое Челзи по изведувањето на пенали го совлада
Баерн Минхен.

Овој 41-годишен арбитар веќе им судеше по еден натпревар на Италија и
Шпанија, а го судеше и натпреварот помеѓу Шведска и Англија. Италија, во
четвртфиналето, на пенали ја мина Англија, додека Шпанија во Ц групата
ја победи Република Ирска со 4:0, правдата на овие две средби ја делеше
Проенса.

Португалскиот арбитар во досегашниот тек од првенството не покажа ниту
еден црвен картон, ниту пак има досудено удар од 11 метри.

Финалето на Еуро 2012 ќе се одигра на 1. јули на Олимпискиот стадион во Киев.