Финалето на Лигата на шампиони во 2014 година ќе се игра во Лисабон на
Естадио да Луз (Стадионот на светлината), одлучи Извршниот одбор
на УЕФА на седницата во Истанбул. Ова ќе биде втор пат финалето на најквалитетното клупско натпреварување
во европа да се игра во главниот град на Португалија, по 1967 година,
кога Селтик го совлада Интер.

Домаќин на годинешното финале на 19 мај ќе биде Минхен, додека во 2013
година одново ќе биде Вембли, иако англискиот храм на фудбалот и лани ги
нагости најдобрите фудбалери на Стариот континент. Уефа повторно се
одлучи за Вембли, бидејќи Англискиот фудбалски сојуз наредната година
слави 150 години постоење.

На седницата во Истанбул, УЕФА одлучи финалето на Лигата на
Европа во 2014 година да се игра на новиот стадион на Јувентус во
Торино. Годинава финалето се игра во Букурешт, а  наредната година
домаќин ќе биде Арената во Амстердам.

Извор : “Макфакс“
Ohridnews