– Двајцата тенисери го направивме полуфиналниот натпревар како финале. Ѓоковиќ беше максимално подготвенн за дуелот со мене, но сепак оваа подлога ми лежи. Во финалето пак почнувам од нула, ако победата над Ѓоковиќ не ја крунисам со титула нема да вреди ништо – рече Надал.
Ѓоковиќ во петтиот сет имаше шанса за победнички чекор, но место да го реши Шпанецот, тој го врати во игра и пропадна неговата прилика да се пласира во финалето.
Противник на шпанскиот тенисер во финалето од Роланд Гарос ќе биде победникот од вториот полуфинален дуел меѓу Жол Филфред Цонга и Давид Ферер.