Финалето на Копа дел Реј сепак ќе се игра во Мадрид, но на стадионот на Атлетико, „Винсенте Калдерон“, наместо на поголемиот стадион „Сантјаго Бернабеу“. Ваква одлука денеска донесе Фудбалскиот сојуз на Шпанија, по долги состаноци и консултации со клубовите финалисти Барселона и Атлетик Билбао.

Реал одби да биде домаќин на натпревар на кој на негивот стадион би играле неговите традиционално лути ривали од Каталонија и Баскија, а според одредени шпекулации, раководството на кралскиот клуб не сакало да дозволи Барселона на нивниот стадион, евентуално, да го подигне трофејот.

Натпреварот ќе се игра на 25 мај, а ова ќе биде 37 финале и за двата клуба, при што Барселона успеала да победи во 25 финалиња, а Атлетик во 23.