– Лигата на шампиони е најамбициозниот фудбалски проект на 21 век, така што големото финале на фудбалската лига на шампиони претставува спортско фудбалски настан број еден оваа година. Според параметрите на гледаност, финалните натпревари во минатите години биле на трето место одма после отварањето на олимписките игри и финалето на светското фудбалско првенство. Оваа година по неверојатен седми пат Лондон и Вембли се домаќини на финалето на лигата на шампиони некогашниот куп на шампиони. Самиот овој факт покажува колку е важно да си домаќин на едно вакво финале. Финалето симболичното започна пред една недела на Трафалгар плоштадот во Лондон со презентацијата на големиот пехар. Многубројните егзибиции, интервјуа, фудбалски проекти, презентации покажаа дека лигата на шампиони и финалето не се само фудбалот, тоа е и бизнис, политика и секако забава. Ние како град дефинитивно што поскоро мора да започнеме да создаваме наши спортски настани и брендови. За тоа е потребно стратегија, визија и секако подршка од сите институции од градот посебно приватниот сектор. – рече в.д. директорот на Ј.П. „Билјанини Извори“, Иван Цветкоски.
Припремите за овој значаен натпревар се многу различни од оние низ кои фудбалерите поминуваат пред првенствен или пак меч од групната фаза од ЛШ. Пред финалeтo карантинот од неколку дена е неизбежен, што ја зголемува концетрацијата и фокусираноста на фудбалерите.
– Во пресрет на вакви големи натпревари фудбалерите поминуваат посебен режим, во кој секако голема улога играат физиотерапевтите и психолозите бидејќи финалето во Лигата на Шампиони е повеќе од натпревар. Работата на физиотерапевтите е да го извадат максимумот од секој играч, а психолозите да ги подготвав да го издражат тој притисок, со кој се соочени. Што се однесува до мечот ќе биде тоа тежок, исцрпувачки и неизвесен до самиот финиш. Никој од фудбалерите нема да се штеди, но сето тоа не залудно бидејќи во прашање е европската круна – рече физиотерапевтот, Стефчо Петан, кој во финалето за победник типува на Борусија Дортмунд со резултат (3-2).
Сезонава во ЛШ, Баерн Минхен и Борусија Дортмунд покажа најдобра игра и сосема заслужено се пласираа во финалето. Дортмунд до финалето ги елиминираше Шахјтор, Малага и Реал Мадрид додека Баерн Минхен имаше потешки задачи, но лесни ги одработи победувајќи ги Арсенал, Јувентус и Барселона.
– Погледнете ги само резулатите од првите полуфинални натпревари и ќе ви стане јасно зошто се пласираа во финалето. Баерн Минхен е фаворит поради искуството на фудбалерите, но во вакви средби не победува подобриот. Дортмунд мора да има скриени адути, со кои ќе ги изненади фудбалерите на Баерн Минхен и освои вториот трофеј од најголемото клупско натпреварување. Составот на Хуп Хејнкенс сезонава доминира “мелејќи ги“ противниците. Тие нема да дозволат да им се случи истото од мината сезона кога пехарот им избега од рацете во пенал серијата – рече Наум Јанкуловски, тренер во фудбалската школа Охрид 10 Јуниор.