Делегација на општина Охрид, учествуваше на работниот состанок на Управниот одбор на Светската унија на општини, што се одржа во Истанбул.
На состанокот, беше потврдена иницијативата за донација на противпожарно возило од страна на збратимената општина Сафранболу. Предвидено е донацијата да се реализира после изборот на новиот управен одбор, по што Советот на општината Сафранболу треба да донесе одлуката за донација.
OhridNews












