Вториот меч од финалето помеѓу Фени Индустри – МЗТ Скопје во македонската кошаркарска лига, нема да се емитува на телевизијата Канал 5. Терминот за одигрување в четврток во 20:30 се поклопувва со времето на емитувањето на Лигата на Европа.


Ова ќе биде прв пат меч од финалната серија во македонската кошаркарска јавност да остане подалеку од јавноста. МЗТ Скопје на гостувањето во Кавадарци, патува со водство од 2-0.

извор: “Мкд.мк“
Мх.П.