Брод „Армада“

Од 26.08.2021 - 20:00 до 26.08.2021 - 22:15

Официјалната програма на „Summer Comedy Marathon 2021“, ќе биде заокружена со шоу на бродот „Армада“ во кое најголемиот дел од учесниците ќе настапат со своја точка.

Уживајте во сите вкусови на фестивалот изблендирани во една неверојатна вечер. За ваше трајно задоволство ќе се погрижат: Стрезо Стаматовски и Никола Тодороски (2 Mothers Brothers) кои ќе раскажат и неколку валкани секс приказни, Никола Сиљаноски, Илија Богданоски и Зоран Донев, кои исто така ќе ги дораздвижат вашите стомачни со свој стендап настап. – порачуваат организаторите.

Местата се ограничени на 45, а за време на шоуто важат сите пропишани протоколи за заштита од COVID-19.

Билетите може да се резервираат или купат онлајн на  armada.mk.

Влез на шоуто во 20 часот.

ОhridNews