Ракометниот клуб Вардар кој пред неполна година го донесе најголемиот успех во машкиот клупски ракомет освојувајќи ја титулата во Лигата на Шампиони минува низ тежок период поради финансиската криза. Заминувањето на дел од играчите и мозокот на историскиот успех Раул Гонзалес наговестија сценарио, но вакво брутално, никако.
– Веќе некое време ни велат дека ќе ни биде исплатено се што ни должат, но тој ден никако да дојде. Му веруваме на претседателот, кој ни рече дека до крајот на овој месец се ќе ни биде исплатено или барам поголемиот дел од тоа што ни го должи. – изјави Кањељас за шпанска „Марка“.
Ракометарките во женскиот клуб неодамна добија зелено светло да си побараат среќа во нова средината, а многу веројатно со вакво сценарио ќе се соочи фудбалскиот клуб Вардар кој одработи најрентабилно од спортските клубови под палката на Сергеј Самсоненко.
Финансискиот „вирус“ е проблем за поголем дел од клубовите во Супер лигата, не само за Вардар. Играчите во охридскиот клуб недела дена не тренираа, тренерската смена во Пелистер иницирана беше поради намалување на личниот доход, вториот македонски преставник во ЛШ Металург се соочи со играчки егзодус, а крајно неизвесна е иднината на Борец и Прилеп.
OhridNews