Општина Охрид финансиски награди 83 работници од ЈП „Охридски Комуналец“, кои неуморно неколку денови во три смени го расчистуваа снегот во февруари, информираат од кабинетот на Градоначалникот Константин Георгиески.

Се чистеа сите јавни површини во централното градско подрачје и локалните патишта кон селата и периферните населби. Во погон беше ставена целата механизација на јавното претпријатие, кое „Охридски Комуналец“ со помош на Општина Охрид ја набави во изминатиот период.

Градоначалникот уште еднаш им се заблагодари на работниците за нивниот ангажман и навремената реакција, која придонесе за непречено одвивање на сообраќајот по главните улици и локалните патишта кон сите села во општината.

OhridNews