Предлог-одлуката за усвојување на Годишниот извештај и завршна сметка на Буџетот на единицата на локалната самоуправа општина Охрид за 2017 година и Извештајот за годишниот попис за 2017 година ќе се најдат на дневен ред пред советниците на седницата закажана на 14-ти март, среда, со почеток во 11 часот.

Советниците ќе расправаат и за Предлог-одлуката за давање согласност на Годишниот план за вработување во општина Охрид за 2019 година, Предлог-одлуката за усвојување на Извештајот за финансиското работење и Годишната сметка за 2017 година на основните и средни училишта, за усвојување на Методологијата за распределба на блок – дотацијата за основно и средно образование во општина Охрид.

Меѓу големиот број точки на дневен ред ќе бидат и Предлог-одлуката за усвојување на Годишниот извештај за реализација на Програмата за развој на Јјугозападниот плански регион и тековното работење на Центарот за развој и финансискиот извештај за 2017 година, како и Предлог-одлуката за усвојување на Финансискиот извештај и Годишниот извештај за материјалното и финансиското работење на МЈП„Проаква“-Струга, Работна Единица Водовод-Охрид за периодот од 01.01. до 31.12.2017 година.

OhridNews