Советот на општина Охрид во вторник, 15- ти март, ќе ја одржи 31-та седница.

Поголемиот број од точките на дневен ред се однесуваат на извештаите за финансиското работење на јавните претпријатија, основните и средните училишта во општина Охрид. На дневен ред ќе се најдат и предлог- одлуката за усвојување на дополнувањето на Годишната програма за поставување на урбана опрема, како и дополнувањето на  Програмата  за изработка на  урбанистички планови за 2011 година.

OhridNews