
Сето ова се позајмици од банките за изградба на модерни стадиони, за купување на екстра класа фудбалери.
Првата жртва најверојатно ќе биде Вест Хем. Нивниот сопственик Исланѓанецот Гудмундсон веќе е во долгови до гуша порди пропаѓањето на неговата банка, која е втора по големина во Исланд. Капак на се во Вест Хем е и оштетата која треба да се плати на Шефилд од околу 30м фунти.
Поради сите овие долгови УЕФА ја разгледува опцијата да ги исклучи од своите натпреварувања сите клубови кои се во долгови.
Националната фудбалска асоцијација на Англија е во долгови од околу 400 милиони фунти поради изградбата на новиот „Вембли“.










