Како што информираат од локалната самоуправа, деновиве привршува изградбата на спортската сала во ОУ “Св. Наум Охридски” во Пештани.


Како финална изведба од проектот, беше поставен и паркет во салата , по што  се очекува современо уредената спортска сала свечено да биде отворена.


Проектот во целост е финансиран од страна на локалната самоуправа, со цел подобрување на условите во спортската настава.

OhridNews