Утре, во просториите на Факултетот за туризам и угостителство, ќе се оддржи пригодна свеченост со која ќе се означи крајот на обуката за тренери од областа на рурален туризам, спроведена во рамките на проектот „Развој на рурален туризам“ кој го имплементира „Локална агенција за развој“ од Струга во соработка со „Израелската агенција за развој на меѓународна соработка“ (МАШАВ).


Во рамките на церемонијата, пред присутните ќе се обратат Катерина Василеска – координатор на проектот од Локална агенција за развој од Струга, Проф. д-р Сашо Коруновски – декан на „Факултет за туризам и угостителство“ од Охрид, како и претставници од  „Израелска агенција за развој на меѓународна соработка“(МАШАВ).

На сеченоста, на учесниците на обуката ќе им бидат доделени сертификати за учество.

Проектот се истакнува како дел од стратешките приоритети на Македонија за развој на руралните средини  и е прв кој вклучува голем број локални и регионални организации во остварување на заедничка цел за развојот на регионот.

OhridNews