Финишираат подготвките за стартот на четвртиот Велигденски турнир во мал фудбал кој од 26 март до 12 април ќе се одржи во спортската сала “Билјанини Извори“.
Меѓу пријавените екипи е и минатогодишниот победник екипата на Вис Пој, која и ќе го отвори турнирот.
– Нашата цел е да победи најдобриот тим – вели директорот на ЈП “Билјанини Извори“ , Боро Шајн.
Новина na турнирот, е зголемениот паричен фонд на наградите, големиte изненадувања за публиката и прогласувањето на најдобар фудбалер после секој натпревар во двете екипи.










