Финска, Грција, Бразил и Турција се селекциите кои со „вајлд карта“ ќе учествуваат на Светското кошаркарско првенство Шпанија годинава.

За Грција, Бразил и Турција не е изненадување добивањето на покана за учество на мундијалот,  но големо е тоа што добитник е селекцијата на Финска, која досега нема настап на завршница на СП.

По четирите вајлд карти се комплетираа 24-те селекции кои ќе бидат дел од светскиот собир Шпанија : Ангола, Аргентина, Австралија, Бразил, Хрватска, Доминикана, Египет, Финска, Франција, Грција, Иран, Кореа, Литванија, мексико, Нов Зеланд, Филипини, Порторико, Сенегал, Србија, Словенија, Шпанија, Турција, Украина и САД.

Ohridnews