Со чартер авион утре на аеродромот „Св. Апостол Павле“ ќе слета првата група туристи од Финска која ќе одмара на охридската ривиера.

Доаѓањето на финските туристи е дел од напорите на Агенцијата за развој на туризмот, другите надлежни институции и туристичката заедница за привлекување на странски гости во Охрид.

Аранжманите ги реализира финскиот туроператор „Ауринкоматкат“.