На квалицикацискиот меч Република Ирска – Македонија на трибините на стадионот “Авива” биле скаутите на италијанскиот тим Фиорентина. Тие заминале во Даблин да ги скенираат квалаитетите на македонскиот репрезентативец Горан Попов, пишува дневниот спортски весник “Македонски Спорт“


Левиот бек кој е член на украинскиот тим Динамо Киев станува с$ поинтересен за клубови од најдобрите 5 лиги во Европа. Според “Македонски Спорт“ заинтересирани  за услугите на Попов се екипи од Италија, а Фиорентина е прва која праќа луѓе да го гледаат игрите на левиот бек.


Сепак, и покрај ваквите вести за интерес за Попов мали се шансите летово тој да направи трансфер. Се уште нема цела година од неговото заминување во Динамо Киев, а тимот од Украина бара сума од 6 до 15 милиони евра како отштета. Попов и најтрофејниот тим од Украина имаат договор до 2015 година.

Ohridnews