Тие во десетдневниот камп тренираа со врвните младински тренери, а одиграа и неколку контролни натпревари. Во Фиорентина, Италија тројцата фудбалери беа со тренерот Југослав Тренчески кој истакна дека е презадоволен од нивната престава.
– Се преставивме во одлично светло, работите во Академијата Пандев одат во нагорна линија. Како награда за добрата престава ние добивме покана да учествуваме на нови тренинг кампови – истакна Тренчески.
Покрај настапот на тренинг кампот во Италија, 16-годишниот Кочоски е стандарден репрезентативец на Македонија и пред него престои блескава фудбалска кариера.