Бразилецот Роберто Фирмино го одбележа натпреварот помеѓу Ливерпул – Њукалс на Енфилд кој заврши во корист на домаќините 3-1. Фудбалерот на Ливерпул во 72-та минута на фантастичен начин-со две петти го проигра Мо Салах, кој не пропушти и погоди за 3-1 и конечна победа.

Ливерпул после пет одиграни натпревари е лидер на табелата во Премиер лигата. „Црвените“ со скор пет од пет имаат пет бодови предност во однос на Манчестер Сити кој е бранител на титулата.

OhridNews