Рокот за бесплатен упис на електронско сандаче, односно e-mail адреса за правните лица продолжува и по 1 април годинава, соопшти Централниот регистар на Република Македонија.
До овој датум регистрираните правни субјекти имаа обврска да пријават електронско сандаче со e-mail адреса до Централниот регистар. Оттаму сега информираат дека странките ќе можат да поднесуваат пријави за упис и после 1 април годинава без примена на одредбите за глоба или за надомест.
Новиот рок за пријавување електронско сандаче за фирмите дополнително ќе биде утврден.












