Вечерва по деветти пат ќе бидат извлечени добитниците од наградната игра „Фискална во рака – награда без мака“, чиј приредувач е Државната лотарија на Македонија под покровителство на Министерството за финансии.
Во ова коло на наградната игра се извлекува за еден автомобил, 30 вредносни ваучери од 3.000 до 60.000 денари и 120 вредносни ваучери за прехранбени продукти во вредност од по 1.000 денари. Во извлекувањето учествуваат сите коверти испратени за деветтото коло со сметки кои се валидни од најран датум 15 ноември 2013 година.
Досега од наградната игра „Фискална во рака – награда без мака“ се доделија два стана, два деловни простори, како и осум автомобили. Покрај главните награди, за претходните осум извлекувања се доделени и 1.200 вредносни ваучери од 60.000 до 1.000 денари на добитници ширум Македонија.
OhridNews