Физибилити студија за одведување на отпадни води од Градиште до Свети Наум
17.12.11 10:58
Решенија за одведување на отпадните води во постојниот колекторски систем на Охридското Езеро или нивно локално пречистување во населените места Трпејца, Љубаништа, автокампот Градиште и туристичкиот комплекс Свети Наум, ќе овозможи Физибилити студијата за одведување и третман на отпадни води, што ја изготви Центарот за развој на Југозападниот плански регион.
– Целта на овој проект е да се намали деградацијата на квалитетот на водата во Охридското Езеро, особено да се дефинираат и понудат најповолните технички и економско-финансиски решенија, кои потоа би послужиле како основа за натамошна реазлиција на проектот, преку изработка на детална техничка документација со основен проект и изведба на самиот систем, рече Мирјана Лозаноска, раководител на Центарот за развој на Југозападниот плански регион.
Таа нагласи дека уште при утврдувањето на техничката спецификација во тендерската постапка, било инсистирано да се дефинираат решенија што ќе може да се изведуваат во фази.
– Причина за таквиот пристап е што за изградба на целокупниот систем, независно од одбраната алтернатива, односно дали ќе се избере централизиран проект со приклучување кон постоен систем или преку изградба на целосно нови капацитети, се обезбедени два милиони евра. Заради тоа баравме посебни целини, за да се започне од најжешките точки, нивно решавање, а потоа да се оди на комплетна изградба на системот, додаде Лозаноска.
Изработувачи на проектот за решавање на проблемот со отпадни води на овој дел од охридското крајбрежје се фирмите „Хидроенерго инженеринг” и „Поинтпро” од Скопје.
Студијата ќе биде преведена и на анлгиски јазик, со цел материјалот да се користи како аргумент или базичен дикумент за обезбедување средства од странски донатори, особено можностите што ги нуди третата компонента на ИПА фондовите наменети за регионален развој.
Општина Охрид известува дека Јавниот повик за ангажирање на невработени лица за заштита и превенција од пожари и заштита и оплеменување на животната средина се пролонгира до 23 јули Според повикот ...
Потпишани се договорите за реализација на инфраструктурни проекти со кои Општина Охрид аплицираше на вториот Јавен повик за финанасирање на инфраструктурни проекти, објавен од страна на Министерств...
Музејскиот археолошки материјал од локалитетот Расница, кај струшкото село Корошишта се заштитува и конзервира од тим на Археолошкиот музеј на Македонија Наодите од овој локалитет минатата година г...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.