Физибилити студијата за одведување на отпадни води од Градиште до Свети Наум ќе биде презентирана денеска во просториите на Општина Охрид.

Целта на студијата, која ја изготви Центарот за развој на југозападниот плански регион е да се добие оптимално техничко решение – за начинот на одведување на отпадните води од регионот на село Трпејца, село Љубаништа и Комплексот Св. Наум.

Партнери во реализација на овој проeкт се општините Охрид ,Струга и Дебрца, кои ќе треба активно да се вклучат во имплементацијата на истиот.

OhridNews