СВР Охрид поднесе кривична пријава против 24-годишно лице од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“. Како што информираат од МВР, на 29-ти јули, во пицерија во Охрид, пријавениот ја малтретирал и и упатувал закани на девојка, со која претходно бил во љубовна врска.

Пријавениот ја удирал со раце во пределот на главата и телото, по што и го одзел паричникот во кој имало околу 2000 денари и го напуштил објектот.

OhridNews