Имено, додека битолчанецот се движел пешки, позади него се движело патничко моторно возило „Нексија“, во кое 18- годишен охриѓанец, кој бил сопатник, почнал да му упатува псовки, по што физички го нападнал, удирајќи го со тупаница во пределот на лицето, устата и телото.
19- годишниот битолчанец при тоа се здобил со видливи повреди-расекотини во пределот на устата, по што му е укажана лекарска помош во охридската Општа болница.
СВР-Охрид презема мерки за расчистување на случајот.