Според информациите со кои располага Секторот за внатрешни работи Охрид, инцидентот се случил околу 14 часот, кога странка најпрвин вербално го нападнала раководителот на охридскиот катастар, а потоа и физички оттурнувајќи го со рака, по што си заминала.
Случајот е пријавен во охридската полиција, која како што информираат оттаму, ги финализира активностите за расчистување на инцидентот и најавува поднесување соодветни пријави.