Нападнат ученик во средното училиште „Ибраим Темо“ во Струга. Како што информира портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски, во полициската станица во Струга бил приведен 57 годишен стружанец кој го нападнал ученикот и го нарушил јавниот ред и мир во училиштето.
На 23.12.2021 година во ОВР Струга приведен е 57 годишен Стружанец кој во средното училиште “Ибраим Темо” во Струга со метален предмет физички нападнал ученик во истото училиште. Се работи на целосно расчистување на настанот, информираше Димоски.
OhridNews












