Синоќа биле физички нападнати две лица во Охрид.

Во 01.20 часот во СВР Охрид, пријавено е дека на кеј „Македонија“ во Охрид, две деветнаесет годишни лица од Охрид биле физички нападнати од неколку лица, при што едно од нив ги повредило со стаклен предмет, информираше портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски.

Од СВР Охрид информираат дека  се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

ОhridNews