Националната установа Завод за заштита на спомениците на културата и Музеј Охрид, распиша тендер за набавка на улуги за физичко обезбедување на Музејот на вода во Градиште и патрола кај Куќата на Робевци каде е сместена златната соба и вредни артефакти откриени во регионот.
За физичко обезбедување на Музејот на вода институцијата предвидела 1 милион денари, додека за 24-часовно патролирање кај Куќата на Робевци 60000 денари, во период од една година.
Најдобриот понудувач ќе биде избран со Е – аукција, стои во објавата на тендерот.
OhridNews













